По пауза од 13 години синоќа во Македонска Каменица повторно беше прикажан филм во новата кино сала во градот. Љубителите на филмската уметност имаа можност да го видат филмот „Исцелител, македонскиот игран филм во режија на Ѓорче Ставрески.

Инаку културните активности во Македонска Каменица продолжуваат и во делот на театарската уметност. На 25 септември 2018 година исто така во кино салата во Македонска Каменица ќе биде прикажана комедијата „Вдовицата се мажи“, театарска претстава во изведба на театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ Велес.