Како резултат на континуираната соработка со стрип чинители од регионот,Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес на  14. И 15септември ќе го промовира македонскиот стрип на 12 от по ред НОВОСАДСКИ СТРИПВИКЕНД.

На овој стрип фестивал, на покана од страна на организаторите ќе присустрвуваат Ване Трајков –извршен директор и Томе Трајков-програм координатор на СЦМ(не се во роднинска врска, н заб)

Учесниците освен што ке одржат панел презентација на актуелната македонска стрип сцена, на посебен штанд ќе ги промовираат изданијата  СТРИП КРЕАТОР,СТРИП АЛМАНАХ ,како и авторските стрип книги издадени од страна намакедонскиот стрип центар.

Присуството на 12 от НОВОСАДСКИ СТРИП ВИКЕНД ќе се искористи и за збогатување на контакти со стрип сцени од други земји и реномирани автори. Според агендата на овој фестивал, гости на истиот ќе бидат реномирани стрип автори од регионот како што се Есад Рибиќ, Драган Лазаревиќ, Стеван Субиќ: Леонид Пилиповиќ… а ќе биде промовиран и  стрип фестивалот НИФЕСТ од Ниш.