Годинава Остен – уметност на хартија, одбележува голем јубилеј, 50 години Светска галерија на карикатури. Во 2018 година е редовното издание на Остен – Биенале на цртеж. За промоција на двете активности во следните три месеци организаторот на вчерашната Прес конференција најави разновидна програма која ќе трае до 13 декември , а ќе с еодвива вогалерија Остен, во Национална галерија на Македонија – Чифте амам и во ЕУ инфо центарот во Скопје.

Централниот настан ќе биде на 22 ноември година во Чифте амам, каде е предвидено отворање на изложбата на селектираните автори на Остен – Биенале на цртеж Скопје 2018, доделување плакети и признанија на наградените уметници, отворање на документарната изложба „Светска галерија на карикатури (1969 – 2019) и доделување плакети на наградените карикатуристи на 50-та Светска галерија на карикатури Скопје 2018. Ќе бидат доделени и признанија на соработници на Биеналето на цртеж и на Светската галерија на карикатури.

Оваа година на Остен – Биенале на цртеж Скопје 2018 досега пристигнале најмногу пријави, од 868 автори од 61 земја од светот. Пристигнале  вкупно 2.317 дела. Во март годинава беше соопштено дека Гран при за животно остварување доби Пјер Сулаж од Франција, а Хенри Мур постхумно е добитник на наградата Светско културно наследство.

Оваа година се доделени и две посебни Гран при награди. Родољуб Анастасов е добитник на Посебно Гран при за извонредни уметнички достигнувања, а Посебно Гран при за придонес во светската уметност доби Пасквале Целона од Италија.

Родолљуб Анастасов

Првите награди на Остен – Биенале на цртеж 2018 се доделени на Себастијан Лубински од Полска – прва награда за цртеж, Олга Тобрелуц од Русија – прва награда за графика, Барбара Крол од Германија – прва награда за сликарство на хартија, Петре Николоски од Обединето кралство – прва награда за оригинално дело од хартија, Агњешка Јанкиевич од Полска-прва награда за млад уметник.

Доделени се три посебни награди од жири на Дарко Талески од Македонија, Херман Нордермен од Холандија и Анахита Јунеси од Иран и едно посебно признание од жири на Дорота Комар Змислони од Полска.

Наградата Уметник на светот на Франко Векиет од Италија и рамноправни три награди „Млад балкански уметник“ на Тијана Којиќ од Србија, Трајана Панајотова од Бугарија и Кристина Ѕани од Грција. Награди „Златен остен“ добија Ева Францова од Чешка, Нина Ансари од Германија, Светла Радулова од Бугарија, Сузана Мартин Виларубиа од Шпанија и Ахмед Албајрак од Турција, рече Конеска.

Награда „Остен“ добија Босук Ли од Јужна Кореја, Милан Андов Македонија, Харис Кондосфирис од Грција, Ангел Паневски од Германија и Јулио Гарај Теразас од Перу. Наградата на „Остен“ за легат му припаднала на Невзат Бејтули Кица од Македонија, наградата за индивидуално претставување на Хелен Шулкин на Германија, а уметниците од Бугарија ја добија наградата за национално претставување.