Оваа недела, викенд кујната ја заменуваме со едноставни рецепти за приготвување на зимница. Ќе почнеме со мешан мрмалад (ммммм) вкусен , за палачинки, крофни, штрудли, разни колачи или едноставно во зимските денови намачкан на лепче во придружба со топло чајче.

Потребни сосотојки

-4 кг сливи

-2 кг јаболка

-2 кг круши

-2 кг праски

2 кг кајсии.

1 кг шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, лажичка лимонтус и малку гродов оцет

Подготовка:

Сите плодови откако ќе ги исчистите, ќе ги обарите а потоа ќе ги изблендирате. Ги ставате во поголема шерпа и ќе ги варите околу 45 минути. Откако ќе ја извадите минималната пена што се прави, додавате 1/2 кг шеќер. Мешате 15-тина минути, потоа ако сакате да е послатко додавате уште 1/2 кг шеќер и веднаш ванилин шеќер, лажичка лимонтус и испрскајте ја масата овошје со гроздов оцет.

Следните 15-тина минути мешајте убаво, па тргнете ја шерпата настрана 5 минути и потоа вратете ја и мешајте уште 10 минути, исклучете ја рерната и мешајте додека не се намали жештината. Потоа, покријте го со голема влажна крпа и оставете го. Додека се олади-стане млако вие подгответе ги теглите. Наполнете ги и покријте ги до утредента.

Утредента можете да ги изненадите домашните со палачинки намачкани со домашниот мешан мрмалад, ќе бидат вистинско уживање.

Убав викенд !