Традиционалната Меѓународна ликовна колонија “Лесново 2018“ по 27 пат обедини повеќе ликовни уметници ( вкупно 16) од Македонија, Бугарија, Србија, Англија и Русија коишто инспирирани од опкружувањето – вулканските карпи, бујната вегетација, староселската архитектура и фолклор, Манастирот “Св. Гаврил Лесновски“ направија една збирка од триесеттина дела.

Инаку оваа изложба беше веќе претставена пред ликовната публика во Пробиштип, а Куманово е втора дестинација на којашто делата од оваа колонија ќе бидат презентирани пред пошироката јавност. Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 01.10.2018 г.