Како резултат на континуираната соработка со стрип-чинители од регионот, Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес на 14 и 15 септември  промовираше македонскиот стрип на 12. по ред „Новосадски стрип-викенд“.

На овој стрип-фестивал, Ване Трајков, извршен-директор и Томе Трајков, програм-координатор на СЦМ остварија  интензивни контакти како со реномирани стрип автори од регионот како на пример :Бане Керац, Игор Кордеј, Светозар Обрадовиќ сад Рибиќ, Драган Лазаревиќ, Стеван Субиќ, Леонид Пилиповиќ.младата Ања Тановиќ … но и контакти со други фестивали како  „Нифест“ од Ниш, и консултации околу идно формирање на асоцијација на стрип фестивали.

На посебен штанд беа промовирани изданијата „Стрип-креатор“, „Стрип-алманах“, како и авторските стрип-книги издадени од страна на македонскиот стрип-центар.