После шестмесечни подготовки  Македонскиот народен театар во новата сезона ќе ја прикаже премиерата на претставата „Еден месец на село“ од Иван С. Тургењев на италијанскиот режисер Паоло Маџели, кој после долги години повторно дојде да постави претстава на сцената на МНТ.

Комично-тажната руска приказна прв пат е поставена во 1782 година.

Таа е приказна за Наталија жена на велепоседник и младата Верочка.Тие се вљубуваат во учителот на синот на Наталија.Драма со љубов и нејзините идеали, стремежот за среќа и возбудувања, но и прашањето на кое човекот понекогаш бара одговор – зошто човековата природа е таква што не може вљубеноста и среќата да ги задржи долго во себе.

Улогите ќе ги играат: Ѓорѓи Јолевски, Сашка Димитровска, Дарја Ризова, Катерина Коцевска, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Ристановски, Стефан Спасов, Нино Леви, Сашко Коцев, Дамјан Цветановски и Ана Стојановска.

Катерина Коцевска го направи преводот и адаптацијата на текстот. Сценограф е Лоренцо Банчи, костимограф – Мануела Паладин а музиката на Љупчо Константинов.

 

Премиерата ќе се одржи на 29 септември.