Денеска, со почеток во 10:00 часот во паркот Шопен во општина Кисела Вода, ќе се одржи настан со спортски активности и ликовен хепенинг на тема „Скопје град без возила“

На ликовниот хепенинг кој ќе се одржи во рамки на „Европската недела за мобилност“, учениците од основните училишта кои се под надлежност на локалната самоуправа пред присутните ќе имаат можност да ги покажат своите ликовни/уметнички вештини. Покрај ова, во паркот Шопен по повод одбележувањето на  „Европската недела на спортот“ дел од учениците ќе имаат спортски активности, на кои ќе имаат  можност да спортуваат, да се запознаат и дружат со познатите македонски спортисти, Елена Бубало, Мартин Стефановски, Даниел Трбогазов, Филип Василевски, Марија Ѓурчиновска и Жарко Батиќ.

Воедно, во исто време, полициски службеници од СВР Скопје, одделение за превенција и ПС Кисела Вода на присутните, како и на минувачите во паркот ќе им даваат совети како да се заштитат од кражби и сл.