Ја запознав одамна, мислам дека уште првиот ден како млад новинар во Информативната програма на тогашната Телевизија Скопје. Со малку хрватски нагласок, впечатлива по својата насмевка, но и по нетрпеливоста се да се направи сега и веднаш. Мирјана Василева, 43 години плови по новинарските води во Македонија, без разлика колку бури го зафатија медиумскиот простор, таа остана и цврсто го држи кормилото на професијата наречена НОВИНАР!

Интервјуто за културно.мк го водеше м-р Татјана Гогоска 

културно.мк – Дали сеуште после толку години го имаш новинарскиот жар?

– Да  жарот, и  љубовта  за професијата која што ја одбрав пред многу години, скоро 43 , вклучувајки ги и  почетоците  во загрепскиот “Вечерњи лист ” сеуште се  тука, но тие  според  искуство  се видоизменити. Ако на почетокот  мислев дека  е  нешто тешко или недостапно, низ годините во новинарството посебно  како информативец  сите пречки  во учењето на занаетот  постепено  ги пресконував. Од денешен поглед  сега жарот, е  преточен во  мојата работа, а тоа се  случувањата  во надворешната политика на глобален план.

Ако на почетокот  се беше интересно и забавно како млад ноивнар, професијата ми овозможи и денеска да ја почувствувам  жедта за андреналин, со активност  па дури и трчање за информација,  таа  да биде и задоволена. Зарем не е супер да се пишува за она што  најмногу го сакаш, или  нешто  што многу те интересира? Токму пренесувањето на  вистинската информацијата преку  етерот, ми овозможи  низ годините да ја стекнам и довербата  кај гледачите. Најсрекна сум кога за  прнесената вест или  анализа за некоја тема, на улица, во продавница или на пазар, обичниот граганин ке те пофали …Мислам дека за да бидеш новинар не  е само страстта кон вистината и  желбата нешто  убаво да  се истражи, и открие за својата сторија , но и дека многу се важни и зборовите  при пишувањето  правилно да се користат, пораката  да биде јасна, во спротивно, погрешно напишаниот збор може да доведе  до неразбирање околу тоа што сакал писателот  да каже.

културно.мк – Кога и каде почна?

-Кога заминав од моето  родно Свети Николе во далечната 75 година  во минатиот век, идеја која ме водеше, беше да го завршам  Факултетот за политички науки во Загреб. Како студент, на трета година, Факултетот  ми овозможи да  го запознаам практичното  новинарство во  Градската  загребска  рубрика. Тогашниот уредник на весникот Урош Шошкич, кој  претходно како новинарско име  веке беше познат на јавноста во тоа време, во “Вјесник у срједу”, имаше голема желба да работи  со  нас младите новинари. И имаше од него што да се научи …. Морам да кажам дека имав чест да бидам во опкружување со големи новинарски пера ,  менторите Богољуб Лацановиц, Деана Кнежевиц, Нина Гордјан Видец ,  Мирослав Амбруш Кис, сите од “Вјесник”. Подоцна, кога бев дописник од  Хрватска  за телевизиското новинарство благодет беше да соработуваш и да се дружиш  со луѓето од Загребската телевизиска школа .

Студентски денови

Иинаку во МТВ (Телевизија Скопје )  се  вработив 1983 та година,  и  во мојата  новинарска биографија  е забележано  дека  кога  се случи распадот  на поранешната држава, а потоа и  последната  војна  на Балканот,  инфомирав за тие настани. Најискрено можам да кажам дека  и не  беше  лесно, особено кога си сам, далеку од своите, а сведок  си на  сите случувања . Тој период  никогаш  нема да го заборавам, од причина што за време на подготвувањето  на извештаите ,  јас и мојата колешка од ТВ Словенија, Тања Страик и  нејзиниот симател, бевме заробени од стана на  паравојската на Краина, кај Карловац,  и по неколку часа, отткако ја зедоа   техниката и   автомобилот на ТВ Словенија, бевме  пуштени. Таа иста   вечер  почина  татко ми…… тага најголема, а јас неможев да  дојдам на последното испраќање. Секое навраќање на тоа време ми ги враќа истите тажни емоции и истата болка која не поминува.

културно.мк- Најубави патувања- благодет од професијата?

Како  новинар од надворешната политика  имав мошност да патувам  и да ги следам  мегународните активности со  сите наши претседатели, со Киро Глигорв , Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов. Многу  долг период  е тоа …,  кога    присутвував на   настани  од  периодот   на пост Југословенската војна и почетоците на  балканската интеграција ,  па се   до потпишувањето  на Спогодбата за  асоцијација и ствабилицаија ,  и секако на многу други   мегународни  конференции,  каде што секој  од  македонското раководство  остви   белег  на тие времиња. Од  денешна  дистанца  како на филмска лената се   движат  настаните  кои  го одбележаа порцесот на макеоднскиот пат  кон иднината. Најинтересни моменти кои  ми остнаа во секавање : 2008 година, кога  за  само  48 часа патуваме од Скопје – Торонто  и назад во Скопје   со тогашниот министер за навдорешни работи Милошовски. Убаво е чувствтото во Петерсбург заедно со колегите да се возите со брод  покрај финската граница, кога со претседтаелот Трајковски  за време на престојот во Норвешка, но и во Белгија  ги запознав крлските  семјетва.

Не се забораваат новите познанства со Европратениците во Стразбур ,кога Македонија претседаваше со Советот на Европа , а да не зборувам за  безброј направени  интревјуа со  светски државници, кои  сега се  наоѓааат во  нашата докуметација.

 

културно.мк – Кои се за тебе, лично твои најуспешни проекти?

Ги  има повеке.  Во  мометов     покрај    уреувањето на    емисјата “Свет”,  го работам повеке од 19 години и поректот ЕРНО, евровизиска размена на вести  на земјите од 12 јавни телевизии  од Југоисточна Европа. Оваа регионална размена е вмрежена во глобалана ЕБУ мрежа  во Женева . Така што,за сето она што  се случува во Македонија  а и она што деновиве е  актуелно , особено   со  посетите на светските и европски лидери кај нас , информациите, благодарение на технологијата  веднаш се наогаат на листата  вести на пазарот на информации на  ЕБУ .

Во проектот  ЕРНО , јас учествував во 14 докуметрани фимови, со актуелни содржини и  соверемени  теми, заедно со колегите од 12 јавни телевизии, како што се  за проблемите на  младите, трговијата со луѓе, предизвиците на балканските  земји н апатот кон ЕУ. МТВ во рамките на овој проект 2013- та година во Охрид беше домакин на Конференцијата со подршка на УПА фондовите за медими на тема “Културните наследства  на земјите од Југоисточна Европа”.

Автор сум  на сценариото  на  докуметраниот филм  по повод три годшнината од  смртта  на претседтелот Борис Трајковски – ”  Верувам во Макеоднија”,  а исто така  пред три години во Скопје и во Загреб, беше одржана  промоција на  мојот авторски докуметарен филм  “Македонците во Хрватска и последната војна на БАЛКАНОТ”.

културно.мк- Според Лукач, за новинарите, најпаметните се откажуваат навреме а најсреќните остануваат во новинарството до крај….каков е твојот став?

Познавам новинари, кои  остнаа до крај  во професијата ,  редок е случајот  некој од колегите   да биде  сопственик на  некој весник или телевизија,  во денешно време , но интересот за новинарството  опага , расте трендот кај  некои колеги   да  заминуваат   во  потпаролство , во некои од инsтитуциите. Новинарската  работа сепак е стресна,  но и не и со личен доход доволен за достоен живот.Но, покрај се мојата одлука е дефинитивна: “Останувам  овде тука, до  крајот на мојот работен век”.

културно.мкКое е твое мислење за моменталната медумска состојба во Македонија,Балканот…

За состојбата во медиумскиот простор  кај нас  веке подолго време се говори дека состојбата  не  е розова,  плураниот   медијски простор ,  е пренатрупан а празен во многу нешта. Очекувам ….дека    ке мора, ако веке сме и на почетокот  на скринигот  процесот  со ЕУ, дека  и  во оваа фела, треба да се воспостват  тие  долго очекувани стандарди  во медиумите за да можат да  се работи професионално. Јас  сум оптимист  дека ке дојдат подобри времиња за  сите  нас и млади и  поискусни медиски работници, пред  се новинарот да  ја доживее мокта на порфесијата, но таа да биде искористена на начин  да помога на другите , да го подобри животот.  Се рабира дека постои  разлика мегу желбите  да се влијае на настаните поради сопствена корист, и желбата  нешто  да се направи добро за сите,  затоа што новинарот  треба гласно да зборува во името на оние кои што не можат

културно.мк – Приватно, што те прави најсреќна?

Моментите што ги доживувамм со најблиските, во семјетвото , и со зборови   за неопишаните средби со  пријателите, од секаде  на светот, за кој времето и просторот како  да не постојат. Тие моменти  што остануваат зад  нас  се повод за нови  средби и дружења, затоа  што  сето тоа се вткајува во  нашиот живот. Кој го прави уште по побогат.