По повод почетокот на академската 2018/2019 година, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА денеска организира симпозиум „Италијанската драма и театар во Македонија“.

Симпозиумот е организиран во соработка со фондацијата „Чини“ од Венеција и ќе учествуваат триесетина научни работници и професори од Македонија и Италија. Тој е дел од големиот проект на ЕФТА „Европската драма и театар во Македонија од 1945 до денес“.

Пред настанот ќе биде отворена изложба на фотографии „Европа овде – Европа таму“ која е резултат на петгодишната соработка на Универзитетот со високообразовни институции од Балканот, Франција и Германија.

 

Ќе биде доделена и наградата „Љубе Цветановски“ која Универзитетот ја доделува за најдобар креативен документарен филм. Добитник на наградата е младиот автор Илија Цветковски за филмот „Со љубов“ (Avec L’Amour).