Миленик може да е и желче

Многу студии и истражувања докажале дека децата ги сакаат животните. Зошто е тоа така има многу објаснувања. Животните, покрај безусловната љубов што им ја даваат на децата истовремено ги учат на одговорност, и им нудат една посебна забава и другарување. Домашните миленичиња се радост, но и обврска. Таа обврска е на товарот на родителот, па затоа имаме два вида на родители: оние кои веднаш земаат милениче, или веќе го имаат а други кои, иако детето сака и тие знаат дека е добро за равзвојот на нивното дете, сепак тешко се одлучуваат да земат, вдомат миленик затоа што сметаат дека тоа се плус многу обврски за нив. Обврските се од: поголеми обврски за чистење на домот, шетањена кучето (ако се одлучат за куче ), многу влакна насекаде ако се одлучат за маче, ако решат птица да земат има посебни овбврски а децата знаат да сакаат риби, желчиња и што ти уште не. Затоа родителите пред да одлучат, посебно оние кои се двоумат, треба да бидат сигурни дека тоа милениче што ќе го донесат дома, ќе го чуваат до крај. Како родителите да бидат сигурни дека нивните деца навистина сакаат миленик, а тие се подготвени да го чуваат со сите обврски?

За да бидат родителите сигурни дека детето навистина сака домашно милениче и се подготвени на целата одговорност, треба да видат зошто нивното дете сака, дали затоа што има некое негово другарче, затоа што видел на наекој филм или едноставно САКА. Како децата реагираат во друштво со животните ? Тука можат да се појават различни проблеми,и дилеми што мора да с ерешат пред да дојде миленикот дома .На пример ако во домот има две или повеќе деца па некои сакаат миленик-ци, некои несакаат, како да одлучат родителите?

Иако, некои стручни лица сметаат дека децата помали од 6 години, не се способни за соживот со домашни миленици, секој родител треба да донесе одлука кога е вистинскиот момент за домашно милениче. Треба да с еима на ум дека децата до седум-осум години не можат самостојно да се грижат за домашните миленици. Пред домашното милениче да го земете во вашиот дом, треба да размислите за времето и финансиските средства кои треба да ги обезбедите за новиот член во семејството, дали некој во семејството е алергичен на животински влакна или перја, и убаво да се размисли кое животно е најдобро за вашето семејството. Овие размислувања се навистина важни за секој родител, кој има, или планира да земе домашно милениче, бидејќи доколку одлуката е избрзана, домашното милениче за кратко време ќе треба да го напушти домот, а вашето дете тешко ќе го поднесе сето тоа.

Љубов-куче и девојче

Поврзаноста со домашните миленичиња е многу голема.  Според многумина  најголемата предност да се расте со домашно милениче е поврзаноста. Неверојатно е тоа колку сите во семејството, посебно најмладите се поврзани со домашното милениче. Тоа станува член на семејството кое им помага да бидат уште поблиски. Всушност, миленичето е тоа околу кое семејството се собира и заедно учествуваат во активностите како шетање, хранење или пак играње. За ваквите семејства понекогаш и најдобрата забава е да гледаат како кучето или пак мачката го брка својот опаш или пак рипчињата или желчињата како пливаат во аквариум.

Во секојдневниот хаос и брзиот начин на живот, времето поминато со вашето милениче треба да е вистинско уживање, бидејќи животните даваат безрезевна и чиста љубов како што ретко кое живо суштество знае да ја даде.

Затоа родители, добро размислете и побрзајте да донесете миленик во вашиот дом за да му го направите детството на вашето дете посреќно и да го научите колку е важна безрезервната љубов, што само милениците знаат да ја даваат.