Венеција-Плоштадот на Свети Марко

Светот е едно необично место полно со предизвици. Во светот на туризмот и патувањата постојат девет необични закони.

Внимавајте што правите !

Многу туристи најверојатно сé уште немаат слушнато за овие необични закони. Забрането е тетовирање и селфи со Буда. Ова правило важи во Шри Ланка, па ако се најдете таму, по секоја цена избегнувајте правење селфи бидејќи многу туристи веќе се имаат изгорено и платено парични казни. Истото важи за тетоважа со ликот на Буда.

Споменик на Буда во Шри Ланка

Ако одите на Тајланд, заборавете на својата електронска цигара. Доколку ве фатат со неа, секако ќе платите парична казна, а дури може да завршите и зад решетки. Во Тајланд од неодамна забранија пушење и на многу плажи. Внимателно и со банкноти на Тајланд Ако се наоѓате, на пример во Банкок, и случајно ви падне банкнота и не ја видите и згазнете на неа, ако тоа го забележи полицијата, епилогот ќе биде апсење. Или во најдобар случај парична казна бидејќи сте го навредиле кралот кој се наоѓа на тајландските банкноти. Навредата на кралот во оваа земја се смета за злочин.

Плажа на Тајланд

Не ги хранете гулабите во Венеција. Тоа секако нека не ви падне на памет да го правите на плоштадот Свети Марко. Таму има и онака веќе премногу гулаби па градските власти најстрого забранија да се хранат, за да не бидат дополнително привлекувани.

 

Берлин

Внимавајте на бензин во Германија.  Кога се наоѓате на патишта во Германија, добро внимавајте да имате доволно гориво. Имено, со закон е забрането да се остане без гориво бидејќи на тој начин во опасност можете да се доведете и себе и другите. Без плукање во Барселона. Некултурното однесување во вид на плукање по улица постои речиси секаде во светот. Сепак, градските власти на Барселона одлучија да регираат на таквиот вид некултура, па зато плукањето го прогласија за непожелно. Грција не забрани носење штикли секогаш и секаде, туку само на посетителите на важни знаменитости, каков е на пример Акропол. Причина за ваквата одлука е стравот дека со штикли можат да се оштетат историските места и споменици. Не пцујте во Абединетите Арапски Емирати. Пцуењето, исто како и непристојните гестови, строго се забранети во оваа држава. Прекршителите можат да бидат депортирани или уште полошо, да завршат во затвор.

Доколку решите да освојувате далечни непознати дестинации овие информации можат да ви користат.