Од Шпанија до Скопје, се е авантура!

Untitled-1 copyОд мојот дом во Шпанија до Скопје има точно 2866,2 километри. Јас сум Ана,Ana Fernández Hernández волонтер  од  Бургос  мал град во Шпанија и ќе бидам во Скопје следните 9 месеци. Уште откако почнав да барам меѓународен волонтерски проект знаев дека сакам да дојдам во Македонија. Веќе бев овде претходно, на младинска размена и се заљубив во градот, луѓето и начинот на живот, како луѓето се секогаш надвор со пријателите. Тука сум само 3 дена и не сум разочарана воопшто. Домаќините,срдечно ме пречекаа со раширени раце и ми го покажаа градот. Македонија е многу поразлична од Шпанија. Она што најмногу ми го привлече вниманието е разновидноста во Македонија. Православни, Муслимани, Турци, Албанци, Роми и Македонци живеат заедно во мир. Во мојата земја Католичката Црква е единствената што постои и поради приливот на исламски мигранти почнаа да никнуваат џамии, најчесто во предградијата.Платите во Македонија се многу ниски во споредба со Шпанија. Македонскиот минимум за плата е околу 200 евра, а во Шпанија според законот платата мора да биде повисока од 736 евра, поради што овде се изгледа дека е многу ефтино. Храната исто така е различна. Во мојот крај свинското месо е типично во сите варијанти особено крвавиот колбас кој е направен од крв и ориз.Јас волонтирам во градски камп за деца и односот што го имаат децата со наставниците од тој во мојата земја. Во Шпанија никогаш не сум видела дете како го гушка наставникот бидејќи кај нас постои јасна дистанца со одговорните личности но овде децата се гушкаат и бакнуваат со нивните одговорни.

35923127_2091316541156815_4274583260954099712_n

Од она што го имам видено до сега мислам дека овој начин функционира подобро од она што имаме кај нас бидејќи децата обрнуваат внимание на наставниците и ги почитуваат, не зошто треба да одговорат на дадените задачи. Исто така имав можност да присуствувам на настан за денот на бегалците во градскиот парк и многу ми се допадна. Луѓето од Скопје се многу свесни за бегалската заедница и покрај попладневниот дожд подржувачите беа таму, на дождот да ја дадат својата подршка. Оваа приврзана и великодушна група на луѓе се она што многу ми се допадна овде.

Се надевам дека ќе продолжам да откривам нови работи што ми се допаѓаат овде како што тоа го правев изминатава седмица.