Здружението за борба против рак „Борка – За секој нов ден“ на 07.10.2018 година (недела) ја организира десетата јубилејна прошетка наречена „Напред розово 2018- чекори против ракот на дојка“, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија, чија цел е подигање на свеста за ракот на дојка како потенцијално излечива болест и помош и поддршка на жените заболени од рак на дојка.Настанот, ќе започне во 11 часот пред ШКОЛКА во Градски Парк.