Титаник и бесмртната милионерка Моли Браун!

Приказната за силната и храбра жена Моли Браун стана уште попозната од филмот „Титаник” на Џејмс Камерон од 1997. Оваа година се навршуваат 106 години од потонувањето на веројатно еден од најпознатите патнички бродови во светот – Титаник. До денес огромната морска трагедија продолжува да буди интерес во целиот свет, а приказните за некои од патниците сé уште се раскажуваат. Вo 1997 година во кината се појавува и познатиот филм на Џејмс Камерон, во кој освен измислени ликови, се испреплетени приказни за вистински луѓе.

Eден од вистинските ликови е и Маргарет Браун, исто така позната како Моли. Маргарет Тобин е родена летото 1867 година во куќа во близина на реката Мисисипи, Мисури. Нејзините родители се ирски католички имигранти Џон и Јохан Тобин. Маргарет, исто така, има браќа и сестри – четири браќа и две сестри. Некои од нив се од претходните бракови на нејзините родители кои рано останале вдовци. На 18-годишна возраст, Маргарет се преселила во Колорадо, заедно со некои од нејзините браќа. Таа и нејзиниот брат Данаил делат дом и наоѓаат работа во продавница. Во Колорадо, Моли ја наоѓа љубовта на својот живот и се мажи за претприемачот Џим Џозеф Браун кој во тоа време тој не бил богат. Моли самата во едно писмо го напиша следново: „ Сакав богат човек, но јас го сакав Џим Браун. Во тие денови се борев со себе.

Го сакав Џим, но тој беше сиромашен. Конечно, решив дека ќе ми биде подобро со еден сиромашен човек што го сакам, отколку со богат човек чии пари ме привлекуваат. Затоа се омажив за Џим Браун. ” Сепак, животот на Маргарет финансиски се смени. Семејството Браун стекнува огромно богатство во 1893 година, кога, благодарение на инженерските напори на Џим, тој заработил значителна сума пари од рудникот во кој работел во тоа време. Освен тоа, Браун стекнува значаен дел од акциите и место во компанијата. Во 1894 семејството Браун купило голема куќа во Денвер. Нивниот социјален живот се развива, тие често се присутни на многу настани од различна природа. Моли и Џим се развеле во 1909 година. Сепак, тие продолжуваат да одржуваат контакти. Моли станала позната по нејзиниот интерес за уметност и јазици. Особено за француската култура. Таа дури помага на Алијансата Франка да биде вклучена во промовирањето на францускиот јазик и култура преку курсеви, културни и франкофонски настани и започнува активно со добротворни цели. Браун ги поминала првите месеци од 1912 година во Египет. Тогаш дознава дека нејзиниот најстар внук е сериозно болен. Моли веднаш резервира билети за првиот брод за заминување за Њујорк, во тоа време „Титаник”. Моли успева да се спаси од бродот што тоне во чамецот за спасување бр. 6. Претходно таа се обидува да им помогне на другите луѓе.

Нејзиниот прекар „Бесмртната Моли Браун”, доаѓа оддоаѓа од нејзината желба да спаси повеќе луѓе. Откако ќе потоне Титаник, сѐ уште има многу луѓе во ладната вода. Моли ги поттикнува да се вратат да видат дали има уште преживеани бидејќи вонекои чамците за спасување имало слободни места. Маргарет станува уште попозната по „Титаник”. По трагедијата таа организира комитет на преживеани за помош со собирање средства од побогатите за оние посиромшните. Тоа помага да се популаризираат проблемите кои силно ја заинтересираа: правата на работниците и жените, образованието и писменоста на децата. За време на Првата светскa војна во Франција Моли работи со американскиот комитет и помага на повредените француски и американски војници. За својата активност е наградена со орден Легија на честа (француски национален орден). Маргарет Браун умира во сон на 26 октомври 1932 година во хотел во Њујорк.Таа е погребана со нејзиниот сопруг, кој починал неколку години претходно,