Денеска на фестивалските сцени во Битола, ќе бидат емитувани филмови во повеќе конкуренции и фестивалски програми. Покрај тоа интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки”, ќе се одржи мастер клас на Oскаровецот, британскиот кинематографер Роџер Дикинс.

Годинашниот добитник на златна „Камера 300“ за животно дело средбата со студентите и други учесници на фестивалот ќе ја одржи во малата сала на НУ Центар за култура. Убава средба и за младите посетители а секако ново искуство за Оскаровецот (оваа година го доби Оскарот за креацијата во филмот “Истребувач 2049”, кој беше прикажан во саботата на отварањето на Манаки), и добитникот на годинешнава “Камера 300”.