Познатата српска уметница Марина Абрамовиќ беше нападната во дворот на Музејот „Палацо Строци“ во Фиренца, кога маж со слика ја удри по глава.

Директорот на новата изјавил дека при нападот Абрамовиќ не се здобила со посериозна повреда.

– Се е во ред – напишал директорот Артуро Галансино на Твитер, инаку кустос на ретроспектива за Марина Абрамовиќ во тој музеј.

Италијанските медиуми информираат дека сликата со дрвена рамка, со која била нападната Абрамовиќ, е портрет на уметничката што ја насликал самиот напаѓач. Абрамовиќ, која своето тело го користи како уметнички медиум, би сакала напаѓачот да го праша зошто го направил тоа. Во меѓувреме е покрената  истрага за инцидентот.