Во Музејот на современата уметност вечер од 20 часот ќе биде одбележан кинескиот „Празник на средината на есента“.

Според  кинескиот календар, фестивалот се одржува на денот кога Месечината е сосема тркалезна и го симболизира обединувањето на семејството и е период кога семејствата и пријателите се собираат заедно за да прослават.

На настанот ќе биде претставена кинеската традиционална култура – поетско читање, изведба на традиционална музика со кинеска цитра, презентација на уметноста на калиграфијата и други елементи на кинеската култура.

Настанот го организира Координативниот центар за културна соработка меѓу Кина и земјите од Цетрална и Источна Европа, во соработка со Институтот „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“  и  Амбасадата на НР Кина во Македонија.