Културно уметничкото друштво „Илинден“ од Струга се врати со освоено трето место на Меѓународниот фолфклорен фестивал „Балкан фолк“ во Тирана. Фестивалот се одржа од 19 до 23 септемвр а на него настапија 11  држави.

Првото место им припадна на претставниците од Бугарија, додека втори беа Црногорците. На дефилето низ тиранските улици, како што информира кореографот Љупчо Милошески, стружани се претставија со фрагмент на песни и игри од Источна Македонија.

 

КУД „Илинден“ годинава слави 35 години јубилеј од формирањето, пред десеттина дена се врати од гостување во Италија на покана на Македонското културно друштво „Свети Кирил и Методиј“ во Трентино, каде одржа целовечерен концерт. По завршување на концертот беше организирана македонска вечер, каде покрај македонска музика се служеше традиционална македонска храна.