Детскиот културен центар “Карпош“  со подршка на Градот Скопје и годинава по дваесетиседми пат го организира и реализира најмасовниот и најстариот Меѓународен детски фолклорен фестивал “Оро без граници“, кој ќе се одржи од 27.09 до 30.09.2018 година. Во досегашново  одржување на фестивалот градот Скопје  и Македонија биле домаќини на повеќе илјади  странски и исто толку домашни деца-фолклорци.

 

Гости на фестивалот оваа година се : Р. Србија, Р.Бугарија, Р.Словенија  и 8 домашни ансамбли меѓу кои Орце Николов, Јени Јол и Каршијака сите од Скопје. Преку шаренолкоста на костимите и оригиналноста во кореографските движења играорците ќе ги запознаат присутните со својата традиција и култура.Според фестивалската програма на 29.09.2018 (сабота) година во 19.30 на Плоштад Македонија е предвидено отворањето на фестивалот. По отворање на фестивалот следи програмата, настап на сите групи ,странски и домашни,учеснички на фестивалот.

Да создадеме уште едно големо оро со децата – „ Оро без граници“ – 2018.