Омар Џаферовски ќе ја претставува Македонија на Меѓународниот фестивал “Каунас талент” во Каунас, Литванија. Тој ќе биде во конкуренција со деца и млади од целиот свет.
Настап на Супер Sвезда
Омар е роден во Чикаго, САД, а живее во Скопје, каде  учи во приватното средно училиште САБА. Музичка биографија  на неговата 17 годишна возраст е веќе богата. Завршил нижо (основно) музичко школо во ДМБУЦ “Илија Николовски Луј” во Скопје, на инструмент пијано. Уште од најрана возраст учествува на детски фестивали “Супер Ѕвезда”, а на меѓународниот арт фестивал “Езерски Бисери” во Струга освоил “лауреат 3 степен”.
Награда на Езерски бисери
Учествувал на повеќе локални, регионални и училишни натпревари и има освоено видни резултати. Повеќе од една година посетува часови во Академијата за естрадно пеење и е кандидат за домашни и меѓународни фестивали. 
Со среќа во Литванија и многу успеси од културно.мк.