Во Античка Грција виното ја претставувало крвта на Дионис, но истовремено бил и напиток на бесмртноста, во библиските преданија виното е пред сè симбол на радост. Колку повеќе го познаваме виното толку повеќе го цениме. Во виното е вистината, но и нешто повеќе од тоа.Вината првенствено се рaзликуваат според потеклото, технологијата на производство, сортата на грозјето, годината на бербата и се разбира цената. Најзначајно од овие е потеклото кое го одредува карактерот на виното, мисрисот и вкусовите, како и неговата особеност.

 

Денес технологијата на производство на вино е значајно унапредена во однос на минатите години, но сепак најголемите разлики во вкусот и мирисот на виното потекнуваат од неговото чување, односно употребата на дрвени бочви, во смисол на тоа дека дрвото влијае врз виното во зависност од големината и староста на бочвата како и од времето на чување на виното во неа.Разлика во виното се разбира има и во однос на сортата на грозје и годината на берба, во овој случај тие можат да бидат впишани на етикетата на шишето само доколку тоа вино содржи 75-85% од конкретната сорта и година на берба на грозјето.Виното по многу нешта е комплексен пијалок. Начинот на негово производство, чување, комбинации од различни сорти грозје, комплексноста на факторите кои влијаат на развојот на карактериситиките на виното… се само еден дел од причините кои го праваат единствен пијалок, а истовремено ја објаснуваат нашата фасцинираност од него.

Важно е како ќе се послужи виното. Еден од основните предуслови е неговата температура. Таа значително влијае врз мирисот и вкусот на виното. Големите црни вина ако се престудени нема да ги развијат своите комплексни својства, а белите свежи вина стануваат здодевни и не се пивки на собна температура, поради прекумерното испраување на алкохолот кој ги покрива сите мириси и ги менува нивните карактеристики.Виното во чаша побргу се загрева, доколку се пие пребавно подобро е да се послужи неколку степени поладно од оптималната температура.Општо земено белите вина секогаш се послужуваат разладени, додека црвените вина се послужуваат на собна температура доколку температурата во просторијата не надминува 20°C.

Сепак една од најважните работи поврзани со виното и неговото комплетно уживање е неговото комбинирање со храната. Салатите како столб на здравата исхрана се повеќе се консумираат, тие дури завземаат форма и на главно јадење. Претежно кога се работи за салати од зеленчук со додаток на белковини, во форма на сирење, месо, риба или слично најдобро одат со полни бели вина или црвени вина со ниско количество на танини. Погорчливите салати најубаво одат со малку покиселкасти бели вина.

Со рибите најчесто се преферира бело вино, бидејќи белите вина многу подобро се сврзуваат со лесната храна. Со некои видови на риба може да се искомбинира и црвено вино со помало количество танини. Рибите кои имааат структура на црвено месо како на пример лососот и туната, добро се вклопуваат со полесни црвени или розови вина. Раковите или школките добро одат со сладникавите вина, додека за чадениот лосос совршена ком­бинација би бил добро разладен шампањ.

Кога станува збор за месото, изборот на виното зависи од повеќе фактори, првенствено дали месото е приготвено со сос, каде тој станува доминантен и самото вино треба да се приспособи во однос на него, ако се работи за бел сос тогаш добра прилика е полно бело вино. Кога станува збор за слатки јадење или десерти вистинскиот избор се полуслатките, слатките вина или ликерските вина. Денеска кога чоколадата е многу актуелна, десертите на база на чоколадо совршено одат со потешко црно вино.

Нашите предци, како и современата наука велат дека во виното има нешто многу значајно и за здравјето.Голем број научни истражувања го потврдуваат благотворното дејство на квалитетното вино врз здравјето на луѓето, се разбира доколку се консумира умерено. Виното содржи повеќе од 1.000 состојки, од кои повеќето се докажано корисни за нашиот организам. Полезното дејство на антиоксидансите, витамините и минералите содржани во квалитетните вина е повеќекратно. Многу студии потврдиле дека умерено конзумирање на вино значајно ја намалува смртноста од кардиоваскуларните заболувања. За благотворното дејство на виното знаел уште и Хипократ, кој го користел како антисептик, седатив, во подобрување на работата на дигестивниот систем и како дел од секојдневниот начин на исхрана.

Виното има долга и богата историја илјада години наназад. Првите археолошки докази за неговото постоење потекнуваат од пред 8000 години од Грузија, а во Европа за првпат е забележано пред 4500 год. Виното било често користено и споменувано кај старите Грци и Римјаните во религиозни и медицински цели, како и во секојдневниот социјален живот. Неговата примена во медицината потекнува уште од времето на Хипократ, кој го користел како  антисептик, седатив, во подобрување на работата на дигестивниот систем и како дел од секојдневниот начин на здрава исхрана.

Во 1993 год. докажано е постоењето на специфични компоненти во виното, кои имаат улога на антиоксиданси и ја инхибираат оксидацијата на „лошиот“ ЛДЛ холестерол.  Значаен бенефит е докажаниот механизам за константно покачување на „добриот“ HDL холестерол во крвта како резултат на зголемената синтеза во хепарот. Виното го намалува процентот на миокарден инфаркт. Виното во мали количини, како релаксант  доведува до намалување на крвниот притисок во првите неколку часа. Кај здравата популација црвеното вино го покачува крвниот притисок за 2-3 мм живин столб. Кај лицата со висок крвен притисок, влијанието на виното во покачување на крвниот притисок е поголемо, а со тоа и потребата од поголема доза на терапијата за висок крвен притисок. Виното делува инхибиторно на канцерогените механизми на клетката и го намалува ризикот од појава на рак.Дозволената количина може да варира зависно од полот, возраста, генетските фактори, телесната тежина, конзумирањето на разни видови храна и употребата на лекови. Женскиот организам има тенденција за побрза апсорпција на алкохолот поради тоа што содржи помало количество вода во огранизмот и помало ниво на стомачни ензими. Поради тоа умерената количина за мажи и жени на иста возраст  и со иста телесна тежина не е еднаква.

Препораките за “умерено конзумирање “ се 1-2 чаши на ден за жени и 2-4 чаши на ден за мажи. Се препорачува конзумирање на црвено вино за време на оброк со што се намалува ресорпцијата на мастите, како и помалото влијание врз крвниот притисок. Кај пациентите со одредени ревматски заболувања не се препорачува алкохол поради неговиот ефект во зголемувањето на уричната киселина во крвта. Црвеното вино има поголема заштитна улога од белото вино и пивото. Епидемиолошките испитувања го потврдија бенефитот од конзумирање на умерена количина црвено вино за превенција и намалување на кардиоваскуларните заболувања. Поради овие факти предност му се дава на црвеното вино кое ги содржи сите специфични компоненти (полифеноли) одговорни за молекуларните механизми во антиоксидативниот, антиинфламаторниот и антилипемискиот ефект. Пијте умерено и со уживање.