Горното течение на реката Радика – Природа која дава душа 

 

Маврово – Пред да стигнете и да уживате во Радика посетете ја  мистичната Шаркова пештера во Маврово која се наоѓа на патот кон жичницата од десната страна.

Пештера – Шаркова дупка

Трница – После ова го заслуживте првиот одмор со кафе пауза во Трница, местото  каде најблиску ќе ја почувствувате здивот на двете планини, Кораб пред вас и Бистра позади вас.

Свети Јован Бигорски – И додека се воодушевувате со непокорниот планински дел покрај реката Радика ќе стигнете до монументалниот манастир, сведоштво на вековното постоење на Река, а тоа е манастирот св. Јован Бигорски. Времето поминато во него не се мери со мерни единици, туку со чвуства што ќе ви ги пробуди недопирливиот шум на водата од чешмите што блика и огромното културно и верско наследтсво што го поседува.

 

Дворот на манастирот св. Јиован Бигорски

 

Селата под Крчин – Кога ќе го продолжите патувањето на околу два километри ќе го поминете мостот и пред да продолжите кон горното течение на реката Радика свртете десно и упатете се кон селата во кои небото е најблиску до луѓето. Посетете ги селото Ростуше и неговиот далеку познат водопад Дуф, појдете преку селата Велебрдо и Требиште до планинското езеро Локуф или свртете кон височините до селото Битуше и неговата бескрајна природна убавина, сместена во подножјето на највисокиот врв на планината Кораб – Крчин. Од секое делче на природата вдишете по еден дел, ќе остане долго како енергија во вас.

Под Крчин – највисокиот врв на Кораб- село Битуше

 

Поглед кон Крчин

Манастирот Св. Ѓорѓија во село Рајчица – Одморете се со убавиот поглед, слаткиот локум и љубезното кафе што ќе ви го понудат жителите на овој верски објект, величествен Божји храм.

Дворот на Манастирот во Рајчица

 

Дебарско езеро – И откако зад себе ќе го оставите течението на реката Радика и поминете градот Дебар  уште едно совршено место на природата а тоа е Дебарското езеро. Застанете и пред да продолжите кон откривањето на другите убавини на овој крај се до бреговите на Охридското езеро и планината Јабланица, уживајте во боите кои се величествени во секој дел од годината и поминуваат од бели и светло сини до темно кафени и чудесно портокалови во доцна есен.

Поглед кон езеро

Автор Т. Гогоска

Сите фотографии се сопствена архива

 

Местото каде езерото и небото прават совршен спој