Во рамки на манифестацијата Бела ноќ, оваа година од 6- 9 октомври во oрганизација на Универзална сала за прв пат ќе биде одржан Меѓународен Фестивал на светлината”Skopje light art district”.

Настанот ќе започне на 6 октомври во 20 часот со 3 Д проекција на Пајко маало и другите стари маала во Скопје со визуелна светлечка прошетка низ градот. Фестивалот ќе заврши на 9 октомври во Музејот на современа уметност.

Идејата на овој Фестивал е означена со мотото : “Да внесеме малку светлина и бои во секојдневното мрачно живеење”.