Утревечер , во Музејот на град Скопје, со почеток во 20 часот, ќе се отвори заедничка изложба на масла на платно на Славко Јаневски и скулптури во бронза на  скулпторот Томе Серафимовски. Изложбата, во организација на Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски”, содржи 50-тина дела на две имиња за почит во македонската уметност.

За разлика од творештвото на Серафимовски, ликовното дело на Славко Јаневски помалку ѝ е познато на јавноста и ова ќе биде уникатна можност публиката одблиску да се запознае со овој сегмент од уметничкото творештво на нашиот великан.

Куратор на изложбата е Емил Алексиев. На отварањето ќе  говорат Кирил Пенушлиски и Ерол Ризаов.