Фестивалот на забавна музика „Макфест“, што ќе се одржи во Штип на 4, 5 и 6 октомври. Фестивалот ќе го отвори најмладата учесничка Сара Гигова, која ќе ја отпее песната на Кире Костов и Миодраг Врчаковски „Љубовна бура“.

Blue Background HD 04 – www.HopIMG.com

Оваа година на  33- тото издание на “Макфест” ќе се пее само на македонски, затоа што нема гости од странство како изминатите две години. Има измени и во начинот на гласање, за кое ќе одлучуваат две жирија (меидумско и стручно) и гласовите на публиката во салата, чиј сооднос ќе биде сооштен на самиот фестивал.

Ќе има три главни од 5.000, 4.000 и 3.000 евра, како и четири од по 500 евра, за најдобар дебитант, текст, аражман и за сценски настап. Уметнички дирекотр е Владимир Дојчиновски-Дојчин , продукцијата е во рацете на Валентино Скендеровски.

 

Меѓу годинашните учесници на „Макфест“ се и: Дани, Ѓоко Танески, Александар Тарабунов, Наташа Малинкова, Димитар Андоновски, Наталија Данаилова, Мартинијан Кириловски, Огнен Здравковски, Антонија Гиговска, Мина Блажев, Игор Узунов, Горан Наумовски и Горан Папаз, Пепа Димтирова, Симона Поповска и други. М.Т.