Почетна Ретро Спектар Музика Вечерва безвремeнските песни на легендарните „Индекси“ на концерт во Сараево

Вечерва безвремeнските песни на легендарните „Индекси“ на концерт во Сараево

96

Од Сараево за културно.мк, пишува Јелена Митриќ

Концертен спектакл вечерва во Дом на младите во Сараево со наслов „Индекси и пријатели -Да сум јас Некој “. Повторно во Сараево се собираат музичарите и членовите на Индекси, продолжувајќи ја концертната традиција која трае уште од 2007-ма година, со секогаш распродадени дворани и безвременските песни кои ги сакаат сите генерации на публика.

И оваа година на концертот ќе свират некогашните членови на култните Индекси-Фадил Реџиќ (бас гитара ), Ранко Рихман, Нено Јурин и Корнелије Ковач (клавијатури),  Пецо Петеј (бубњеви) и Мурис Варајиц ( соло гитара ).

Безвременските песни на Индекси „Да сум јас Некој“ , „Сонувам“, „Фрли се низ река„ , „Сите овие години„, „Во едни сини очи“ , „Плима“ и многу други, („Da sam ja netko“, „Sanjam“, „Bacila je sve niz rijeku“, „Sve ove godine“, „Svijet u kojem živim“, „U jednim plavim očima“, „Plima“), ќе се слушнат од најдобрите пеачки имиња на овие простори Дадо Топиќ, Младен Војичиќ-Тифа, Хари Мата Хари, Џулијано , Борис Новковиќ, Зоран Предин, Сеид Мемиќ Вајта и други.

 

 

Индекси се најдолговечната и најважната босанскохерцеговачка поп рок група и една од најдобрите ex-yu  групи која „жареше и палеше„  од 1962-2001-ва година. Во тој период објавиле два студиски албуми, 27 синглови, и 12 компилациски албуми. Но, се знае дека и многу нивни песни досега не се објавени.

Првиот настап Индекси го имале есента 1962 година, некаде пред повеќе од половина век во Сараевскиот Полициски Дом. На почетокот свиеле инструментална музика и разработки на светски хитови од своите идоли, Тhe Shadows, The Kinks i Cliffa Richarda a подоцна почнале да снимаат и свират и свои песни.

 

Последниот концерт на Индекси беше одржан во Бања Лука во салата Борик, на 5 мај 2001-ва година. Брзо после тој концерт ненадминливиот пеач на групата Даворин Поповиќ умре, на 18 јуни 2001 и оттогаш формално групата престанува да постои. Гитаристот Слободан Бодо Ковачевиќ ги напушти 2004-та година а тапанарот Ѓорѓе Кисиќ во 2005-та годин.

 

Но, остануваат спомените на нив и нивните безвременски песни кои се одраз на едно време а траат во вечноста. Вечерва повторно ќе оживеат во Сараево.