Вечерва со концерт на македонската Филхармонија, во Народниот Театар Битола, започнува, 27-то издание на Интернационален фестивал на класична музика- Интерфест Битола.

До 12-ти октомври на фестивалот, до кога трае овој музички настан , ќе настапат уметници од Италија, Полска, Шпанија, САД, Австрија, Романија, Франција, Русија, Германија, Ерменија, Македонија.

Македонската Филхармонија под диригентска палка на Борјан Цанев, ќе изведе дела од  Берлиоз, Хачатурјан, со солистот, виолинистката Ајман Мусакаџајева од Казахстан.                                        

Во рамки на Фестивалот  публиката ќе може да ги чуе- пијанистот од Полска, Маријан Собула, тенорот Рафал Жураковски исто така од Полска, виолинистката Ева Леон од САД, флејтистот Рудолф Гиндлумер, гитаристот Енрике Муњоз, пијанистите Михаела и Драгош Михалеску,  виолинистот Гернот Вињишгофер и други, како и македонските изведувачи пијанистот Иван Трајковски, лауреат на 8-от пијано натпревар во рамките на Интерфест, концертот на пијано дуото дуо Катерина Гелебешева Костадиновска и Зоран Пехчевски, пијанистката Огненка Герасимовска Димитровска .

Во рамките на годинешното издание на Фестивалот е и изложбата на Паоло Чампини, графичар од Италија во соработка со графичкото триенале Битола, како и претставата на Народниот театар Битола Сон на летната ноќ во режија на Џон Блондејл.