Промоцијата на стихозбирката ,,Платно до шепот” е прва објава на Марко Виденовиќ, а тој, пак, е првиот македонски интернет поет чии стихови добија корици,ќе се одржи во 19 часот во Македонската филхармонија.

Неговите први стихови  се појавија на социјалната мрежа Фејсбук и успешно го пронајдоа патот до многубројни читатели, кои јго наградија неговиот инспиративен израз со многубројни читања. Настанот го организира Издавачката куќа “Ѓурѓа”.

итањето на неговите стихови за многумина стана вистинска покривка и прегратка што на сите ни е потребна и во среќните и во тажните мигови на секојдневието.

Виденовиќ е роден во Крушевац, Република Србија. Завршил средно музичко училиште во Битола, а дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на отсекот виола. Во моментов е вработен во Македонската филхармонија како прв виолист, а член е на Мјузик прогресив квартет и гудачкиот квартет Бревис.

Како член на повеќе ансамбли, свои настапи забележал во: Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Полска, Чешка, Германија, Португалија, Америка, Русија, Италија, Германија, Канада и други.