Зградата на локалната  библиотека „Гоце Делчев“, општина Велес планира наскоро да ја пренамени во Младински мултимедијален креативен  центар, наменет за вежбање на Балетското студио „Анабела“ и „Црни мачиња“, на фолклорните друштва од градот и други музичари и младински активисти и групи. Во просториите на сегашната библиотека „Гоце Делчев“ претходно работеше Пионерскиот дом „Ѓоре Органџиев“, кој беше затворен  пред петнаесеттина години. Во зградата на Пионерскиот дом  претходно работеше Младинскиот  центар во кој се собираа фолклорните и други ансамбли на градот и тука вежбаа. Во зградата на сегашната локална библиотека се наоѓа и големата сала „Бели мугри“, каде се одржуваат голем дел од манифестацииите, културните  и други настани во Велес.