Аница Добра

Со филмот на македонскиот режисер Јани Бојаџи, „Ругање со Христос“, кој предизвика многу бурни реакции особено во власта, вечерва во кино Милениум ќе почне официјалната селекција на Филмскиот фестивал „Киненова“. Тој со уште седум филмови ќе се натпреварува во официјалната селекција.

Оваа година Фестивалот се одржува под мотото „Првиот никогаш не се заборава„ и ќе трае до 12-ти октомври.

Во киното „Милениум“ ќе бидат прикажани и филмовите во селекција по еден филм од Перу и Иран и пет Европски филмови.

Вечерва на српската актерка,миленик на многу генерации Аница Добра ќе и биде врачена наградата за посебен придонес во филмската уметност.