Кафаната Идадија, денеска слави 90 години и ве кани на роденден!

Организаторите велат дека ќе дојдат многу луѓе (скопски фаци) оние  што ги знаете, од маало, од телевизја, од зборење, од низ град. Ќе настапат убави луѓе што пишувале, пееле, цртале за Идадија… Ќе имате можност да  видите изложба на артефакти и фотографии поврзани со Идадија.

Убава дружба со многу поприкажувања за тоа како било, што било уште од она време, ќе има и астење , ќе се насмеете, па и ќе се запее.

Тие Ве повикуваат да ги донесете постарите што ве носеле на ќебапчиња кога сте биле мали или да дојдете со друштвото, како кај стара другарка на роденден.

Ако сакате да донесете убав подарок, запишете го вашето најдраго сеќавање од Идадија, ставете стари фотографии овде на страницата на фб настанот или пишете ни за вашите спомени да станат дел од случувањето на 6-ти октомври-се вели во описот на овој настан.

Идадија ќе се радува да ве види повторно! И несомнено Идадија заслужува да го носи епитетот ПАМЕТНИК НА СКОПЈЕ ! 90 години не се малку а еве ќе биде и столетие за некоја година.