Музејот на современата уметност – Скопје програмски ќе се вклучи во 14-тата по ред 24-часовна манифестација„Бела ноќ“, во организација на Младинскиот културен центар и Градот Скопје. Белата ноќ во МСУ ќе започне вечер во 20 часот, со проекција на филмот Метеори” (Холандија/Турција, 2017, 84 мин.) на Ѓурчан Келтек.

Снимен преку различни дигитални видео формати, обединети во груб импресионистички црно-бел пејсаж, Метеори го развива својот централен фокус преку неколку странични визури – кои ги замаглуваат копнените, космичките и политичките антагонизми кои го брануваат Турскиот југоисток. Филмот е прочистен од социо-политички детали, но богат со импресионистички слики делува речиси визионерски под звуците на пост-рокот, прикажувајќи  еклипси кои претскажуваат нејасна, но сè поизвесна катаклизма, ловци кои се предаваат во квази-лунарниот пејзаж, и уличните демонстрации кои се распаѓаат во урбаните центри одбележани од насилството на државата. Филмот “Метеори” е добитник на неколку престижни филмски награди, вклучувајќи и номинација за најдобар филм за 2018 година од Европската Филмска Академија.

 Програмата за Бела ноќ ќе продолжи во 21:30 часот со електроакустичен концерт за пијано и трака “Градот убав и градот шугав – Свита за Скопје,  на Дуња Ивановапо музика на Ана Пандевска. “Свита за Скопје” е фузија на повеќе стилови кои ја отсликуваат музичката приказна на градот Скопје. Во 23:30 часот програмата ќе заврши со аудио-визуелен перформанс “SCATTER_RADAR”, на Сашо Пуцковски, кој е дел од овогодинешното прво издание на Skopje Light Art District. Перформансот го испитува односот помеѓу просторното и сензорното внимание на публиката.

 Покрај овие три посебни програмски компоненти, за време на „Бела ноќ“, посетителите на Музејот на современата уметност – Скопје ќе можат да ги видат сите изложби до 24 часот, и тоа: “Конекции во колекциите – италијанско-македонски паралели”, изложбата на хрватскиот уметник Владимир Фрелих “BLACK RAW MEMORY” и “Графичката колекција на МСУ”.