Во Центарот за култура ,синоќа свечено беше отворен фестивалот „Албански театар во Македонија”, кој традицонално по седумнаесетти пат се одржува во Дебар. Прв се претстави  Националниот ансамбл за песни и ора „Шота“ од Приштина со кореодрамата „Кумт“ посветена на Ѓерѓ Кастриот-Скендербег подготвена во чест на 550 годишнината од неговата смрт и во рамки на „Сенационалната година на Скендербег“. Кореограф и режисер на претставата е Ѓерѓ Превази.

Вечерва ќе биде прикажана претставата  „Волпоне“ во режија на Сулејман Рушити а во изведба на татарот од Тетово. Следните денови пред дебарската публика ќе се претстават театрите од Ѓирокастро, Прешево и Гњилане,како и театарската група на Факултетот за драмска уметност при тетовскиот универзитет, а завршува на 11 октомври со претставата „Жени“ на албанскиот тетар од Скопје и доделување на наградите за науспешните.