По 14-ти пат, ноќеска Скопје ќе биде дел од глобалната ноќ насловена како  „Бела ноќ“.  Од пладневните часови денеска цели 24 часа ќе се одржува  манифестација на повеќе културно институции во градот :ДКЦ Карпош, МКЦ, Универзална сала, Музеј на Град Скопје, МСУ , на отворени подиуми, каде влезот за сите посетители е бесплатен.

Исто така и Јавното сообраќајно претпријатие, по повод манифестацијата „Бела ноќ“, овозможи користењето на јавниот превоз да биде бесплатно на сите линии кои сообраќаат кон центарот на градот. Бесплатниот превоз ќе важи од 19 часот вечерва  до 6 часот во недела.