Ова е исклучително редок ќуп кој потекнува од времето на династијата Ќин и беше продаден за 30,4 милиони долари на аукција. Ќупот, со дијаметар од одвај 14,7 см, е украсен со користење на комбинација од кинески и западни техники, со цвеќиња, вклучително и нарциси, кои обично не се отсликани на кинескиот порцелан. Овој вреден предмет, кој бил користен од императорот во почетокот на XVIII век, беше продаден за само пет минути од почетокот на аукцијата од страна на неименуван клиент.

„Ова е најдобриот примерок“, рече директорот на Сотби за Азија. Ќупот е направен во империјална работилница во Забранетиот град во Пекинг од мал тим од занаетчии, со помош на језуити од Европа кои ги донеле во Кина новите техники и материјали. Аукциските куќи во Хонгконг досега беа сведоци на избезумени наддавања меѓу азиските купувачи во последниве години, а продажбата на дијаманти, чанти и античка керамика ги урива светските рекорди.