Mакедонската уметница Дона Урдинов го освои првото место на натпреварот Zbrush Live Sculpt-off и стана шампион во сегментот Органик. Натпреварот се одвиваше во рамките на семинарот Zbrush Summit 2018, кој се одржа во Холивуд, Лос Анџелес (САД), во организација на компанијата „Пиксолоџик“ (Pixologic). Овој натпревар  Zbrush Live Sculpt-off, се одржува секоја година во Лос Анџелес и секоја година има селекција од 24 престижни уметници од целиот свет, кои во рок од 3 часа треба да креираат дело на зададена тема. Организатор на натпреварот е компанијата „Пиксолоџик“, каде е креиран софтверот Zbrush, популарна и масовно употребувана програма во индустријата на филмот и видео-игрите за 3Д-моделирање.

Годинава темата била креација на специфични тарот-карти, а 24-те учесници биле поделени во две групи: Organic и Hard Surface, односно во двете различни естетики/методологии на работење во софтверот. По завршувањето на делата „Пиксолоџик“ анонимно ги постирала сите дела на нивниот вебсајт, на кој публиката од целиот свет гласала за својот фаворит.

По 3 дена гласање, комисија од 3 истакнати артисти ги оценувале трите дела со најмногу гласови. Резултатот е победа за македонската уметница Дона Урдинов,која го освои првото место на натпреварот Zbrush Live Sculpt-off и стана шампион во сегментот Органик.

Дона Урдинов  минатата година во кафулето „Концепт 37“ ја имала својата прва самостојна изложба. За ваков успех нема што друго да се каже освен едноставно „ГОЕМО БРАВО“ .