На 16-от Меѓународен фестивал на хумор и сатира „Сатира фест-2018“ , ќе се одржи на 10 октомври во Белград . На Фестивалот ќе учествуваат  80 афористичари од Швајцарија, Бугарија, БиХ, Црна Гора, Србија, Израел и Хрватска. Македонија на овој Фестивал ја претставуваат, македонскиот најпознат и најплоден афористичар Миле Ѓорѓијоски и неговиот колега Витомир Долински.

Годинешниот фестивал „Сатира фест“ е посветен на 120 годишнината од излегувањето од печат на првата збирка афоризми на српски јазик, напишана од кралицата Наталија Обреновиќ.

На Фестивалот двајцата наши претставници ќе се претстават со по десетина афоризми и како што изјавуваат, сметаат дека ќе бидат добри амбасадори на македонскиот хумор и сатира.

Хуморот, сатирата и афоризмите секогаш се барометар на општсествените случувања.