Гудачкиот камерен оркестар Арко  ги изведе најпознатите филмски музички теми како „Мемоарите на една Гејша“, „Ла Ла Ленд“, „Синема Парадизо“, „Авантурите на Шерлок Холмс“, „Ловец на елени“, „Легенда за есента“, „Милионер“, „Ѕвездени патеки“, „Баџирао Мастани“.

Под диригентската палка на Ерхан Шукри, прекрасниот гудачкиот камерен  оркестар „Арко„   со специјалните гости, Саи Шраванамна табла, дел од оскаровската екипа на филмот „Животот на Пи“ и Анџана Раџагопалан, сопран, од Индија, како и атрактивната Соња Калајиќ на виолина и пила од Белград ,Игор Ангелов артист и Дино Имери -пијано , во салата на МОБ донесоа вистинска музичка-филмска магија.

Сето тоа  беше дополнето со прекрасните мали балерини од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Нависитна убав настан со повод 15 години постоење на овој оркестар.

Оскаровските филмови оживеаја преку прекрасната музика изведена на сцената на МОБ.