Републичка изложба на детски цртежи „11 Октомври“ беше отворена денеска во библиотеката „Другарче“, во организација на Детскиот ликовен центар и покровителство на Министерство за култура. За учество на републичката  изложба пристинале 1460 ликовни творби од деца, изработени во повеќе ликовни техники.Најуспешните дела ќе бидат претставени на изложбата, а на нивните автори ќе им бидат доделени дипломи.