Комедијата „Кец на десетка“ во продукција на Македонскиот народен театар,вечерва  ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во рамките на програмата на 21. фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово. анија, Бугарија, Ерменија и од Македонија.

Во комедијата „Кец на десетка“ играат: Александар Микиќ (Таткото Доксе) Тања Кочовска (Мајката Грациела), Нина Деан (Ќерката Ана) и Ивица Димитријевиќ (Тоше).  „Кец на десетка“, е претстава работена на текст од  Митко Бојаџиски, а во режија на Дрaган Спасов – Дац.

„Кец на десетка“ е комедија со спонтан и природен хумор што брзо ја освојува публиката и лесно комуницира со неа. Текстот на претставата има едноставна мисија – да ја воведе публиката во ситуацијата на едно сосема нормално семејство кое ќе се собере за да се запознае со идниот зет. Со желба секој од семејството да остави максимален впечаток и да го покаже најдоброто од себе работите тргнуваат во поинаков правец.

Фестивалот почна на 2 октомври и ќе трае до 18 октомври со гостување на театри од Србија, Албанија, Бугарија, Ерменија и од Македонија.