Тимот за спасување на планина како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје, денеска на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје, организира показна вежба која ќе биде атракција за сите хоспитализирани деца и случајно затекнати граѓани.

Членовите на Тимот ќе бидат маскирани во костими на омилените Супер херои од цртаните филмови кои ќе се спуштаат по јаже и ќе им делат подароци на децата.
Целта на овој несекојдневен настан е поддршка на децата јуначки да ги поминат деновите и предизвиците за време на престојот во Детската Клиника.