Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ вечерва  премиерно ќе ја изведе претставата „Казимир и Каролина“ од германскиот автор Еден фон Хорват во режија на Нела Витошевиќ.

Текстот е од 1936 година ,но е од оние текстови кои се безвременски т.е. актуелни еве и денеска. Духовната беда која произлегува од економската која шак е најголемиот непријател на љубовта.Текстот обилува со голем број карактери и на самата претстава и нуди многу дејство.

Во претставата „Казимир и Каролина“ играат: Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Чакмакоска, Никола Настоски, Зоран Иваноски, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Александар Тодески, Јасмина Мицовска – Станкоска, Наташа Ачански, Михајло Миленкоски. Костимите се на Розе Трајческа Ристоска, музиката е на Огнен Анастасовски, а сценографијата е на Костадин Трпеновски.

До крајот на годинава Прилепскиот театар ќе подготви уште две претстави )оваа е втора премиера за оваа година ). Наскоро почнуваат подготовките на претставата „Демократија“ од Јосиф Бродски во режија на Кирил Петрески, и претставата за деца „Пинокио“ од Карло Колоди во режија на Дарко Ковачески.