На локалитетот Камени Кукли во Кратово вечер ќе биде одржан настанот „Вечерен танц со куклите“ .Настанот е во  организација на Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно ризница“ , Куманово а поддржан до Министерство за кулутра на Република Македонија, во рамки на програмата „Нов културен бран 2018“.

Несомнено е дека камените кукли изгледаат импресивно на вечерна светлина и дека вечерва Кратовчани а и сите други љубители на музиката и уметноста ќе имаат импресивна вечер.

„Етно ризница“ во соработка со Музеј на град Куманово веќе има снимено документарен етно-филм „Камените кукли раскажуваат“ кој се прикажа на неодамнешниот фестивал за документарни филмови во Кратово, а веќе е во официјална конкуренција на „Златна камера 300“.