Денеска граѓаните на  Македонија  ги одбележуваат 77 години  од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна во Македонија, на 11 октомври 1941 година. Востанието почна во Прилеп и Куманово, кога  борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнаа бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп.

Могила на непобедените во Прилеп

Македонскиот народ се крена против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред. Тоа беше почетокот на гласот од непокорот на македонскиот народ, кој траеше се до целосното ослободување на земјата есента 1944 година.

 

Споменик на револуцијата во Куманово

11 октомври е денот кога се поставени темелите на македонската државност и секогаш се одбележува со достојна почит кон сите учесници во вооруженото антифашистичко и народноослободително востание.

Ново,  оваа 2018-та година е што градовите херои  Прилеп и Куманово, годинава прв пат заеднички го одбележуваат овој голем празник.