????????????????????????????????????

Денеска во Пехчево почна првиот фестивал за прекуграничен фестивалски туризам, а е дел од проектот „Платформа за прекуграничен фестивалски туризам на полето на културата и традициите“. Целта е да се подобри постоечката рурална туристичка понуда за одржлив развој на прекуграничниот регион, преку соработка во областа на фестивалскиот туризам. Иако Пехчево веќе го има Фестивалот на дувачки оркестри кој е единствен од ваков тип во земјава, сепак потребно е да се организира и овој прекуграничен фестивал кој исклучиво ќе биде наменет за претставување на фолклорот и традицијата од двете страни на границата. Ќе настапат културно уметнички друштва, солисти и групи од Малешевско-пијанечкиот регион и од Република Бугарија, а специјални гости ќе бидат групата Purple Zeppelin и Венко Серафимовски кои ќе одржат целовечерен концерт. Фестивалот се одржува на плоштадот „Св. Апостол Павле“ во центарот на Пехчево.

Вредно е да се спомене и тоа дека Општина Пехчево во рамки на меѓуграничниот проект „Платформа за меѓуграничен фестивалски туризам“ доби фестивалска сцена со комплетно озвучување и опрема, како и современ туристичко-информативен центар. Проектот изминатите 24 месеци го спроведуваа општина Пехчево од Македонија и Брезница од бугарската општина Гоце Делчево. Проектот „Платформа за прекуграничен туризам во полето на култура и традиција – ФОЛКЛОР“, вреден 450.000 евра, се спроведува преку Интерег ИПА прекуграничната програма Бугарија – Македонија.