Во Гевгелија денеска беше промивиран вториот том од монографијата „Антички монети“ на авторот Бобан Хусеновски.Ова дело има големо значење за натамошните научни археолошки истражувања. Исто така локалитетот Вардарски рид на кој се вршени истражувањата, е единствен на територијата на Република Македонија чија нумизматичка збирка е целосно објавена.

Монографијата спаѓа во редот на најдрагоцените нумизматички дела зашто е посветена на наодите од кои може да се види цела хронологија и интензитет на живеење во градот и неговата економија. Впрочем преку парите најдобро се гледа каков бил квалитетот на животот во еден подолг временски период.

„Антички моменти“ е обемно и значајно дело за културното наследство на археолошкиот локалитет Вардарски рид каде што се наоѓал старо – македонскиот град Гортинија. Првиот том беше објавен во 2004 година.