Книгата „Бегалци од својот дом“ од поетесата Мирјана Стојановска денеска ќе биде промовирана на Саемот на книга во Франкфурт, на штандот на Здружението на писатели на дијаспората „7-ка“.

Промоцијата ќе биде на македонски и германски јазик а делото ќе го промовира Љубиша Симиќ, претседател на ова Здружение.

„Бегалци од својот дом“ е поема која говори за актуелнитe проблем на иселувањето на луѓето во европските земји во потрага за подобра егзистенција. Таа е и лична дилема на поетесата дали да остане на своите корени или и таа да отпатува во „белиот свет“.

Мирјана Стојановска е поетеса од Битола, со објавени седум поетски книги. Таа е член на ДПМ од 2007 година и беше прв претседател на Клубот на жените-писателки „Даница Ручигај“.