Денеска во 12:00 часот, во ОУ Св. Климент Охридски Битола, ќе се одржи детска, интерактивна, музичко-драмска претстава “Операта на шумските животни” во изведба на групата Триангл. Младински културен центар – Битола во соработка со ОУ “Св. Климент Охридски” Битола и со групата Триангл од Скопје го реализираат овој настан со цел афирмација на оперската музичка култура во функција на запознавање и доближување на истата кај младата популација,потоа презентација на музичкото творештво со стилска и жанровска разновидност на еден поинаков, иновативен и интерактивен пристап на презентација и едукација и анимација на нова музичка публика – децата.

Групата Триангл е неформална група од Скопје составена од професионални оперски пеачи, сценарист и режисер. Оваа група во период од 6 години од своето постоење има реализирано преку 730 проекти. Овој настан е дел од низата активности кои ги реализира МКЦ – Битола во насока на развој на публика.