Репортажата низ старата Скопска чаршија, паметник на градот и сеуште за многумина неговото срце, крие многу интересни нешта. Меѓу нив се и старите занаети кои вредните мајстори тука ги чуваат.

Младиот волонтер од Волонтерскиот центар Скопје, Гокче Атахан направи една сликовите репортажа за старите занаети која културно.мк ја презентира,секогаш подржувајќи ги младите да пишуваат.

Превод: Goran Adamovski

Пишува, Гокче Атахан

Повозрасните мајстори што се бават со овие занаети со години се спротиставуваат нивните професии да исчезнат

Старата чаршија со своите историски улици е најчестата дестинација за локалното население, како и за странските туристи кои го посетуваат Скопје. Таму традициите успеале да ги преживеат сите премрежија и да ја сочуваат историјата во речиси секој агол.

Денеска, тоа е заштитено национално обележје и содржи многу стари занаетчиски продавници. Тоа е место каде што агресивноста на модерното живеење завршува и почитување на традицијата се одгледува во типични форми на трговија и занаети. Се одржуваат вековни традиции на златари, чевлари, ткаење, везење, плетење…

Повозрасните мајстори што се бават со овие занаети со години се спротиставуваат нивните професии да исчезнат.

29366186_10213290661315884_1901793015949688832_n

Сакип е мајстор од Старата скопска чаршија. Има 70 години и тешко e да се слушне кога говори, а произведува слатки веќе 59 години. Ја научил оваа професија кога бил дете. Подоцна, отворил сопствен бизнис и сѐ уште го работи. Во пензија е неколку години, но не сака да седи дома и продолжува да работи. Го споредува времето кога бил млад. Признава дека многу работи се смениле од тогаш. Вели дека неговиот син има поинаков бизнис и никој во семејството не сака да го продолжи татковиот занает. Пред три децении, во локалот вриеше од купувачи, но денеска постојат моменти кога во не влегува никој.

Го прашуваме „дали младите се заинтересирани за вакви професии?“, а тој низ смеа ни одговора оти тие се интересираат само за компјутери. Потенцира дека неговиот внук му рекол оти не сака да се занимава со занаетот на дедо му, оти тешко се преживува.

Продолжуваме натаму. Го сретнуваме Борис, сопственик на продавница во која се продаваат производи од крзно и од кожа. Завршил технолошки факултет пред четириесет години. Работел во фабрика за производство на кожа и таму го стекнал драгоценото искуство. Смета дека еден од проблемите на изумирањето на старите заанети е недоволната подршка од Владата, односно немањето посебни мерки, како на пример соработка на традиционалните бизниси со државните институции: полицијата, војската, општините, јавните претпријатија…

Неговиот бизнис постои три децении. Тој вели дека луѓето секогаш ќе имаат потреба од крзно, а квалитетен производ секогаш ќе го најде соодветниот клиент, овде или во странство.

Ибрахим е ковач, кој што го наследил занаетот од неговиот татко и дедо. Тие се во овој бизнис повеќе од 100 години како семејство. Вели дека порано животот бил добар, но денес е тешко да се преживее. Бидејќи е единствениот ковач на чаршијата, тој се чувствува одговорен да продолжи со занаетот, иако е многу тешко. Неговиот син, исто така е ковач, и мисли дека ќе продолжи да работи во иднина.

29356243_10213290659075828_6878106953055207424_n

Едно од професиите наследени од Отоманската империја е филигранството. Постојат неколку занаетчии што се занимаваат со оваа професија во Скопје, но предизвикот на новото време си го прави своето. И часовничарите се во фаза на изумирање.

Покрај недостатокот на интерес од страна на младитеза старите занаети, постои надеж оти работите ќе се изменат. Старата чаршија има културни и историски карактеристики како едно од најголемите живеалишта во Скопје. Таа е културен и уметнички центар во кој се наоѓаат голем број на културни и историски споменици. Повеќето од зградите кои некогаш биле користени да бидат домаќин на патници или дури и амами, биле претворени во музеи и галерии, кои денес се користат за изложби, концерти и други културни настани. Денеска, местото и неговата близина сѐ уште се дом на неколку џамии, цркви и саат кула. Старата чаршија во Скопје нуди мали продавници, ателјеа, традиционални ресторани, кафеани и амами што прави посетителите да го почувствуваат духот на градот. Ако сакате да прошетате низ историјата, одете до Старата скопска чаршија. Ве чека.

29366026_10213290661475888_2930018984159870976_n

 

Izvorhttps://voiceskopje.org/2018/05